Деканот на Економскиот факултет проф.д-р Љубомир Дракуловски им ги врачи индексите на првите студенти на дисперзираните студии и им посака многу успех во трката по знаење. Тој им порача дека наставниците ќе се обидат своето знаење и умеење да го пренесат на студентите , да создадат достоен кадар кој ќе излезе од овие клупи. А учењето по нова Програма подразбира студентите да го студираат она што им е потребно и во нивни интерес и при тоа истакна: „Учете го тоа што сакате и така подготвени излезете на пазарот на трудот“.
Thursday, October 4, 2012
Дисперзирани студии на Економскиот факултет при универзитет „Св.Кирил и Методиј“
Во зградата на ОСУ „Јовче Тесличков“ започна академска година за студентите на прва година на дисперзираните студии на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје. На првата генерација бруцоши што ќе следат студии по сметководство и ревизија по нова програма, им се обрати Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров кој не го криеше задоволството од проширувањето на студиите во Велес и од се поголемата бројка студенти, што е сигурен пат кон остварување на целта Велес да прерасне во развиен студентски центар.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment