Saturday, October 20, 2012

Покана по повод Патрониот празник на ОСУ Јовче Тесличков

Со мотото, Ние сме веќе на патот кон Европа, придружете ни се на свечениот пат,  и оваа 2012 година Ве покануваме заедно да го прославиме патрониот празник на нашето училиште. На 24 октомври - среда, со почеток од 18 часот, сала „Бели Мугри“ Велес, Ве очекуваме.

Thursday, October 4, 2012

Дисперзирани студии на Економскиот факултет при универзитет „Св.Кирил и Методиј“

     Во зградата на ОСУ „Јовче Тесличков“ започна академска година за студентите на прва година на дисперзираните студии на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје. На првата генерација бруцоши што ќе следат студии по сметководство и ревизија по нова програма, им се обрати Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров кој не го криеше задоволството од проширувањето на студиите во Велес и од се поголемата бројка студенти, што е сигурен пат кон остварување на целта Велес да прерасне во развиен студентски центар.


     Деканот на Економскиот факултет проф.д-р Љубомир Дракуловски им ги врачи индексите на првите студенти на дисперзираните студии и им посака многу успех во трката по знаење. Тој им порача дека наставниците ќе се обидат своето знаење и умеење да  го пренесат на студентите , да создадат достоен кадар кој ќе излезе од овие клупи.  А учењето по нова Програма подразбира студентите да го студираат она што им е потребно и во нивни  интерес и при тоа истакна: „Учете го тоа што сакате и така подготвени излезете на пазарот на трудот“.

Wednesday, May 16, 2012

Државен фудбалски шампионат - ЗЛАТЕН МЕДАЛ

Женскиот фудбалски тим на ОСУ “Јовче Тесличков“ учествуваше на државниот шампионат во фудбал. Фудбалерките од нашето училиште го освоија златниот медал по одирани два натпревари:  полуфанален меч со Скопје, победа од 2:0, и финалниот меч со Битола исто победа од 2:0.
Дел од тимот на ОСУ “Јовче Тесликов“ : Ангела Стојанова, Деспина Заркова, Надица Стојанова, Драгана Ѓоргиевска, Беда Фахретович, на прем кај Директорот - Панче Иванов 
Златниот трофеј ќе ги закити ветрините на нашето училиште.

Честитки до женскиот фудбалски тим и до одговорниот професор Трајче Манчев 

Tuesday, May 8, 2012

САЕМ НА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2012

И оваа година УСО “Јовче Тесличков“ го огранизира саемот на бизнис и претприемништво.
Ова е прилика осмооделенците подобро да се запознаат со образовните профили на УСО “Јовче Тесличков“ , да тргуваат во витрулените училишни компании и да се забавуваат.
ПОКАНАТА Е ОТВОРЕНА И СЕ ОДНЕСУВА ЗА СИТЕ 
ПОВЕЛЕТЕ НА ОВОГОДИНЕШНИОТ САЕМ 

Wednesday, April 25, 2012

Учество на образовното рандеву 2012



   Во рамките на образовното рандеву во организација на МАССУМ - Младинска асоцијација на средни стручни училишта на Македонија, учество зедоа и учесници од нашето училиште, на кои постигнаа значајни резултати, и тоа:

I место - Јавно говорење   - Дијана Ѓурчиновска            IV-б клас;

III место - Најдобра поетска творба   -  Кристина Кировска            IV-г клас;

III место - Најдобар бенд    - Игор Лазаровски  III- г клас;   - Димитар Шопов  IV-б клас; - Ѓорѓи Љапов; - Филип Бошевски.

       Државните натпревари беа одржани на 20 и 21 Април 2012 година во Струмица, а учествуваа претставници од сите средни стручни училишта од Републиката.
            Им честитаме на професорите и на учениците за постигнатите резултати и им посакуваме многу успех и во понатамошните натпревари, и исто така се надеваме дека нивните резултати ќе ги мотивираат останатите ученици да го влат својот максимум во совладувањето на нови знаења и предизвици.