Monday, March 25, 2013

Одиме на регионално првенство

Женската ракометна екипа на ОСУ,,Јовче Тесличков,,ја продолжи победничката серија.Вчера на зонскиот натпревар ја елиминираше противничката екипа и се пласиравме на регионално првенство!Честитки за девојките и успех во понатамошните натпревари!!!


Крводарителска акција

По повод Денот на Црвениот Крст, на ден 20.март.2013година, нашето училиште организираше крводарителска акција во просториите на училиштето.
Посетеноста на овогодинешната крводарителска акција беше голема. Нашето училиште доби благодарница по повод Денот на Црвениот Крст. Признанието за хуманост не мотивира да ја продолжиме хуманата мисија.