Saturday, October 20, 2012

Покана по повод Патрониот празник на ОСУ Јовче Тесличков

Со мотото, Ние сме веќе на патот кон Европа, придружете ни се на свечениот пат,  и оваа 2012 година Ве покануваме заедно да го прославиме патрониот празник на нашето училиште. На 24 октомври - среда, со почеток од 18 часот, сала „Бели Мугри“ Велес, Ве очекуваме.

Thursday, October 4, 2012

Дисперзирани студии на Економскиот факултет при универзитет „Св.Кирил и Методиј“

     Во зградата на ОСУ „Јовче Тесличков“ започна академска година за студентите на прва година на дисперзираните студии на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје. На првата генерација бруцоши што ќе следат студии по сметководство и ревизија по нова програма, им се обрати Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров кој не го криеше задоволството од проширувањето на студиите во Велес и од се поголемата бројка студенти, што е сигурен пат кон остварување на целта Велес да прерасне во развиен студентски центар.


     Деканот на Економскиот факултет проф.д-р Љубомир Дракуловски им ги врачи индексите на првите студенти на дисперзираните студии и им посака многу успех во трката по знаење. Тој им порача дека наставниците ќе се обидат своето знаење и умеење да  го пренесат на студентите , да создадат достоен кадар кој ќе излезе од овие клупи.  А учењето по нова Програма подразбира студентите да го студираат она што им е потребно и во нивни  интерес и при тоа истакна: „Учете го тоа што сакате и така подготвени излезете на пазарот на трудот“.