Wednesday, December 29, 2010

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ НА ЦЕЛИОТ КОЛЕКТИВ НА ОСУ "ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ",И НА СИТЕ УЧЕНИЦИ !!

 

Tuesday, December 28, 2010


Час за претставување на нашите божиќни традиции - и запознавање со американските божиќни традиции


Учениците од трета година од нашето училиште организираа надгледен час,и се запознаа со Американските божиќни и новогодишни традиции,а ги претставија нашите традиции за божиќ и нова година.На часот присутен беше и директорот на училиштетот,кој исто така се запозна со Американските традиции.Учениците ја испеаа традиционалната коледарска песна "КОЛЕДЕ ЛЕДЕ",и зготвија традиционални македонски специјалитети ( сукан зелник,баклава и сл.).Американката Керен која беше дел од овој час ни ги претстави Американските традиции пред божиќ,го изготви познатиор американски божиќен пијалок "EGGNOG",а потоа ја прочита и најпознатата американска божиќна поема "TWAS THE NIGHT BEFORE CHRISTMAS",и зборуваше за традиционалните јадења кои се изготвуваат за божиќ.Сето ова се одржуваше на часот по англиски јазик.Учениците се многу задоволни за тоа како течеше целата подготовка и целиот час,и очекуваат повторно ваков забавен и поучен час.




Monday, December 20, 2010

Училиштето учесник на државниот натпревар во претприемништво

Учениците од ОСУ "Јовче Тесличков" се натпреваруваа во локалниот натпревар за претпримеништво ( Local entrepreneurship competition) дел од проктот за самовработување(Skills for employability),кој се одржа во нашето училиште.Беа поделени во 5 екипки со по 4 членови,кои се натпреваруваа правејќи проекти на темата : Безбедноста на интернет на учениците.Во локалното натреварување победи тимот КРЕАТИВЦИ.Истиот овој тим го претстави нашето училиште на државниот натпревар во претпремништво (State entrepreneurship competition) кој се одржа во Скопје на 19 и 20 декември годинава.На овој натпревар учествуваа 21 тим од градови во Македонија или приближно околу 84 ученика имаа за цел за го решат проблемот со безбедноста на интернет.Како главни организатори се јавуваат : BRITISH COUNCIL , MICROSOFT PARTNERS IN LEARNING,JUNIOR ACHIEVEMENT - MACEDONIA и ГРАД СКОПЈЕ.Нашето училшете заедно со претставниците од тимот креативци ( Николче Бинов,Лорета Костовска,Деспина Петровска и Игор Костов) добија дипломи за учество на државниот натпревар во претприемништво.