Monday, October 4, 2010

Каде сме ние сега ?

                Каде сме ние сега ?   ОСУ „Јовче Тесличков„ е средно регионално економско-правно училиште во кое се образуваат кадри од економско правна и трговска струка. Тоа од 1984год. се вклопи во новата концепција за насочено образование и го смени името во училиште за средно образование со трговска и економска струка.
                ОСУ „Јовче Тесличков„ ја остварува својата дејност во една зграда која е од класична градба. Во склоп на училишната зграда има 25 современо опремени кабинети за секој предметен наставник. Целата опрема на училиштето е во функција на наставниот процес со што е воспоставена поврзаност помеѓу теоретската и практичната настава.
                Од учебната 2008-2009 воспитно-образовниот  процес се изведува преку кабинетска настава и компјутер за секое дете во согласнос со проектот на Владата. Во согласност со Националната стратегија за развој на образованието 2005-2015год. со образовните реформи преку проектот Е-школо 90% од наставниците од нашето училиште ја завршија обуката и се стекнаа со сертификати за примена на ИКТ во наставата. Со ова наставниците се здобија со вештини како да го интегрираат проектното учење со користење на технологија во училница и поврзаност со заедницата во наставата. Исто така 10 наставници ја поминаа и обуката за електронско оценување. А сите наставници ја завршија и обуката за користење на новиот софтвер Linux заради користење на донираните компјутери од проектот на Владата„Компјутер за секое дете„.
„Нови знаења - Чекор до успехот„!


Со примена на современи методи во наставата од поголемиот број наставници се реализира тимската работа како групна интеракција, развивање на заедничко учење, стимулирање на дискусии, размена на искуства и знаења и поттикнување на кооперативното учење.
                Денес ОСУ „Јовче Тесличков„ е воспитно-образовна институција која практикува квалитетно образование, поттик и поддршка на учениците, современи услови за учење, тимска работа и остварува резултати со кои придонесува во голем дел за задоволување и развој на кадровскте потреби во нашиот град и регион.

Во што Ние веруваме    МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
                „Да им овозможиме на учениците да доживеат автентично учење во контекст на бизнисот и финансиите поддржувајќи ги нивните достигнувања во сите области од нивниот развој„.
Нашата мисија ја отсликува целтана постоење на нашето училиште кое образува кадри во согласност со потребите на пазарот на трудот преку реализирање на современи и флексибилни плнови и програми и примена на овремена образовна информатичка технологија.

Што Ние сакаме ?       ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
                „Престижно училиште со високо реноме кое обезбедува стручни кадри од областа на економијата и правото кои ќе бидат успешно вклучени во пазарот на трудот„

  „Вратата на успехот - се отвара со моќта на знаењето„

Визијата ке се реализира преку тимска работа на наставниците со нудење висококвалитетни образовни услуги што ќе ги задоволуваат високите стандарди што ги поставува современиот пазар на трудот но и критериумите за влез и успех на повисоките степени на образование. Таа ќе биде синоним на ефикасно, ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот на вниманието.
                „Визија без акција е сонување. Акција без визија е случајна активност. Визијата и акцијата заедно можат да го променат светот„.
Какви  промени треба да направиме ?     Новите општествено-политички и економски промени во републиката како и промените во поблиското опкружување ни наметнаа нови погледи, содржини, верувања и однесување но и многу дилеми и предизвици во остварувањето на оразовниот процес. На заострените услови на стопанисување и високите стандарди одговараме со добро организирање на воспитно-образовниот процес, квалитетно образование и јасна визија за својата иднина. Во наставата ќе им се раководиме од тоа дека ученикот „се учи да учи„ за да ги знае нештата а не да добие само квантитативен податок кој со себе не повлекува емоции и мотиви за работа.
                На учениците ќе им овозможиме развој на лични и професионални способности за вклучување во работни места во приватни фирми и во јавниот сектор.


„Инвестирај во себе - за подобро утре на сите„

Ќе им обезбедиме можности да научат да бидат добри трговци и маркетинг промотори со цел да го доближат производот до потрошувачите за да се зголеми продажбата.
                Ќе им овозможиме стекнување на способности за работа во администрација и институции на локално ниво.

   „Погледни во себе - види ја иднината„!