Во рамките на образовното рандеву во организација
на МАССУМ - Младинска асоцијација на средни стручни училишта на Македонија,
учество зедоа и учесници од нашето училиште, на кои постигнаа значајни
резултати, и тоа:
I место - Јавно
говорење - Дијана Ѓурчиновска IV-б клас;
III место - Најдобра
поетска творба - Кристина Кировска IV-г клас;
III место - Најдобар
бенд - Игор Лазаровски III- г клас;
- Димитар Шопов IV-б клас; -
Ѓорѓи Љапов; - Филип Бошевски.
Државните натпревари
беа одржани на 20 и 21 Април 2012 година во Струмица, а учествуваа претставници
од сите средни стручни училишта од Републиката.
Им честитаме на професорите и на
учениците за постигнатите резултати и им посакуваме многу успех и во
понатамошните натпревари, и исто така се надеваме дека нивните резултати ќе ги
мотивираат останатите ученици да го влат својот максимум во совладувањето на
нови знаења и предизвици.