Во рамките на образовното рандеву во организација на МАССУМ- Младинска асоцијација на средни стручни училишта, ученици од нашето училиште учествуваа на осум натпревари и постигна забележителни резултати.
Преставниците од училиштето учествуваа во следниве категории:
Ученик-натпреварувач Наставник
1.Интервју за работа Деспина Петровска Елица Илиева
2.Јавно говорење Кристина Кировска Славка Мечкаровска
3. Маркетинг план Кристина Кировска Елена Андовска
Деспина Петровска
Борјан Давчев
Кристијан Стефановски
4. Најдобар бенд Игор Лазаровски Благој Џајков
Димитар Шопов
Ѓорѓи Љапов
Филип Бошевски
5. Најдобар соло изведувач Димитар Шопов Благој Џајков
6. Најдобар постер Алчев Филип Каролина Манаскова
7. Најдобра видео реклама Борјан Давчев Маја Талевска Панова
8. Најдобра фотографија Стефан Тутунџиев Наташа Коциќ
Државните натпревари беа одржани на 28 и 29 Октомври 2011 година во СЕОУ “Гостивар“– Гостивар а учествуваа преставници од сите средни стручни училишта од Републиката.
Нашите ученицие се вратија со освоени награди и тоа:
ПРВО МЕСТО Државен напревар најдобра Фотографија, Стефан Тутунџиев II д клас, ментор Наташа Коциќ.
ТРЕТО МЕСТО Државен напревар најдобра видео реклама, Боријан Давчев III – г клас, ментор Маја Талевска Панова.
ТРЕТО МЕСТО Државен напревар најдобар бенд Игор Лазаровски III – г, Димитар Шопов IV – б клас, Ѓорѓи Љапов и Филип Бошевски, ментор Благој Џајков.
ТРЕТО МЕСТО Државен напревар за маркетинг план Кристина Кировска IV – г клас, Деспина Петровска IV – г клас, Борјан Давчев III – г, Кристијан Стефановски ____ клас, ментор Елена Андовска
ЧЕТВРТО МЕСТО Државен напревар за најдобар постер, Алчев Филип I – г клас, ментор Каролина Манаскова
Воедно ве известуваме дека учениците Вили Јорданов од II д клас и Лајлушев Иван од IVв клас на државниот натпревар во кајак освоија второ место во категорија за ученици од втора односно четврта година.
Им честитаме на професорите и на учениците за постигнатите резултати и им посакувам многу успех и во понатамошните напревари, и исто така се надеваме дека нивните резултати ќе ги мотивираат останатите ученици да го вложат својот максимум во совладувањето на нови знаења и предизвици.