Wednesday, April 24, 2013

Ден на акција

     На 22.04.2013 г. ученици од нашето училиште се вклучија во одбележувањето на Светскиот,,Ден на акција,,.Тие во младинскиот парк делеа флаери за здрава и чиста животна средина ,а во училишниот двор засадија садници со што придонесоа за негово разубавување!

МАССУМ

     Прво место и златен медал за нашето училиште и нашиот ученик Кристијан Милошевик.На државниот натпревар Образовно рандеву МАССУМ-Тетово,во категорија Јавно говорење ,во конкуренција на 35 натпреварувачи од цела Македонија Кристијан беше најдобар!Честитки за него и уште многу успеси со кои нашето училиште ке се гордее!

МАССУМ

Целата екипа од ученици и професори-ментори на ОСУ,,Јовче тесличков,, која
се натпреварува во повеке категории на Образовното рандеву на МАССУМ во Тетово!

Monday, March 25, 2013

Одиме на регионално првенство

Женската ракометна екипа на ОСУ,,Јовче Тесличков,,ја продолжи победничката серија.Вчера на зонскиот натпревар ја елиминираше противничката екипа и се пласиравме на регионално првенство!Честитки за девојките и успех во понатамошните натпревари!!!


Крводарителска акција

По повод Денот на Црвениот Крст, на ден 20.март.2013година, нашето училиште организираше крводарителска акција во просториите на училиштето.
Посетеноста на овогодинешната крводарителска акција беше голема. Нашето училиште доби благодарница по повод Денот на Црвениот Крст. Признанието за хуманост не мотивира да ја продолжиме хуманата мисија.

Monday, February 25, 2013

Средношколска забава


Организирана средношколска забава за сите ученици на ОСУ Јовче Тесличков Велес
Средношколската забава беше организирана на Мотел на Велешко, на ден 14 февруар 2013 година. Ова е најдобар начин да се прослават воедно и двете празнични настани, Св Валентин и Св Трифун. Забава за сите ученици  како и за сите професори во ОСУ Јовче Тесличков. За подигнивање на атмосверата се погрижија Виртус бенд, каде покрај одличната забава и богато мени, учениците имаа незаборевен дочек на денот на вљубените.
Забавата продожи со After-party show  во Life-cafe.

Saturday, October 20, 2012

Покана по повод Патрониот празник на ОСУ Јовче Тесличков

Со мотото, Ние сме веќе на патот кон Европа, придружете ни се на свечениот пат,  и оваа 2012 година Ве покануваме заедно да го прославиме патрониот празник на нашето училиште. На 24 октомври - среда, со почеток од 18 часот, сала „Бели Мугри“ Велес, Ве очекуваме.